МИТ Универзитет

Одржано експертско предавање за царински кривични дела

Во организација на Факултетот за безбедносни науки на 20.12.2017 година беше одржано експертско предавање на тема „НАДЛЕЖНОСТИ НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПРОЦЕСОТ НА КРИМИНАЛИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЦАРИНСКИТЕ КРИВИЧНИ ДЕЛА“ од страна на м-р Лилјана Живковиќ Давиткова од Царинската управа на Република Македонија.

Во рамките на предавањето студентите изворно имаа можност да се запознаат со организациската структура и поставеноста на Царинската управа на Република Македонија во рамките на националниот безбедносен систем, а конкретно фокусот беше ставен на надлежностите и овластувањата на оваа институција при откривањето, разјаснувањето и докажувањето на царинските кривични дела. Заради добивање на поцелосна слика и поврзување на теоретските сознанија со практичните искуства, на студентите им беа презентирани и неколку интересни случаи на откриени кривични дела поврзани со нелегална трговија со дрога на граничните премини.

Во текот на предавањето се разви плодна дискусија при што студентите се интересираа за разни сегменти од работата и функционирањето на институцијата и начинот на криминалистичко-оперативно идентификување и истражување на царинските кривични дела. 

На крајот од предавањето, од страна на ВД Деканот на Факултетот за безбедносни науки, на м-р Лилјана Живковиќ Давиткова и беше доделена благодарница за одржаното предавање, со надеж за идни соработки.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0